Повеќе средства за инвестиции на централно и на локално ниво, поддршка на приватниот сектор за нови инвестиции и отворање нови работни места, сигурна и редовна исплата на платите, пензиите и социјални надоместоци се обезбедуваат со Предлог ребалансот на Буџетот за 2025 година којшто од денеска е на дневен ред на пленарна седница.
Предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2025 година произлегуваат од реалните потреби на граѓаните, институциите и стопанството, и се во согласност со макроекономските движења и реализацијата во првата половина на годината.