ФОТО: Food Photographer | Jennifer Pallia / Unsplash Појадокот е оброк што не смее да се прескокнува, а доктори од Харвард наведуваат дека тој мора да содржи хранливи супстанции што ќе му дадат енергија на телото Доколку секое утро одбирате пекарски производи за појадок, бидете подготвени на последици како дебелеење, недостиг од енергија, замор, раздразливост… Доктор Моника Техо од Харвард тврди дека палачинките, мафините и колачите воопшто не се добар избор за утрински оброк.
Слатките оброци за појадок честопати содржат преработени јаглехидрати и шеќери, додека постојат многу поздрави оброци богати со влакна, протеини и здрави масти.