Во овие жешки денови консумирајте овошје, особено лубеница, диња, праска, кајсија и сл. Македонија е зафатена од нов силен топлотен бран, со температури кои надминуваат 40 степени.
Во лето препорачуваме храна која содржи бета каротен во големи количини, а го има во моркови, кајсии, праски, манго, лубеници, дињи, спанаќ, зелена салата, блитва, карфиол, брокула.