Мирисот на диња веднаш нè пренесува во лето, а таа е едно од најдобрите овошја за ова време од годината.Дињата е летна храна која ни ги обезбедува сите потребни придобивки во текот на потоплите месеци, пишува Metropolitan.si и наведува три причини зошто дињата е совршена за лето.Дињата ѝ помага на кожатаДињата содржи 90 проценти вода, па затоа е одличен сојузник за одржување на добра хидратација.„Нашата кожа е обично посува во лето поради морската вода, хлорираната вода од базенот или продолженото изложување на сонце“, објаснуваат експертите.