Голема победа за машката репрезентација на Македонија до 19 години во Бања Лука, која со пресврт 2-3 (25:16, 25:21, 32:34, 15:25, 13:15) ја совлада Грција.
Машката одбојкарска репрезентација на Македонија до 19 години постигна значајна победа, совладувајќи ја Грција со 3:2 во сетови (16:25; 21:25; 34:32; 25:15; 15:13). Овој натпревар беше дел од Балканскиот шампионат во одбојка, каде што се разигруваше за позициите од 5-8 место.