Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
15
16.93
20.55
3.33/1.21
15.00
5.58
0.37
846.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 15
8 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 21.2
Best clustering variants
8 0.99/0.01 2 21.2
07:00 h 11-Jul-2025
  • Американската тенисерка со руско потекло, Аманда Анисимова, се пласираше во финалето на Вимблдон откако ја победи најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка.
  • ◉ Анисимова против Швјонтек во финалето на Вимблдон
17:19 h 10-Jul-2025
  • Од: А1он Полската тенисерка Ига Швјонтек се пласираше во финалето на Вимблдон победувајќи ја Швајцарката Белидна Бенчиќ во два сета, за само 71 минута, со резултат 6:2 и 6:0. Ига ќе се бори за својот шести трофеј од гренд слем турнирите против Американката Аманда Анисимова, која изненадувачки ја елиминираше Белорусинката Арина Сабаленка, тенисерка број еден во светот, со 2:1 во сетови.
  • Ига Швјонтек како „брз воз“ до женското финале на Вимблдон
15:40 h
  • Во првото полуфинале на овогодинешниот Вимблдон, Аманда Анисимова победи против Арина Сабаленка со 2:1 во сетови (6:4, 4:6, 6:4). Мечот траеше два часа и 38 минути.
  • (ВИДЕО) Сабаленка елиминирана на Вимблдон - Анисимова е во големото финале
15:27 h
  • Американската тенисерка Аманда Анисимова направи големо изненадување победувајќи ја Арина Сабаленка во полуфиналето на Вимблдон.
  • Шок на Вимблдон: Првата фаворитка за трофејот елиминирана од тенисерка која прв пат ќе игра финале на гренд слем
Sport1

Американската тенисерка Аманда Анисимова успеа да направи големо изненадување во полуфиналето на Вимблдон, откако ја совлада најдобрата во светот, Арина Сабаленка со 2-1 во сетови, односно 6-4, 4-6 и 6-2. Сабаленка изврши голем притисок во седмиот гем на сервисот на Анисимова, но таа го „преживеа“ отпорот и го освои гемот (4-3), по што успеа да направи брејк за 6-4 во првиот сет.

Идентично беше во вториот сет, каде што беше забележан еден брејк, и тоа во седмиот гем кога Сабаленка ѝ го одзема сервисот на Анисимова за водство од 4-3, а потоа сервираше успешно за 6-4. Белорусинката имаше фантастичен почеток на третиот сет и веднаш направи брејк, но потоа почнаа проблемите за Сабаленка, кои знаеше како да ги искористи Анисимова и со два брејка да создаде предност од 4-1. Сабаленка успеа да врати еден брејк и да намали на 4-5, меѓутоа во следниот гем го загуби својот сервис и Анисимова избори финале на Вимблдон. Sport1