Ужасната сезона на „црвените ѓаволи“ може да се спаси само со освојување на Лигата на Европа, што би значело и место во Лигата на шампионите следната година, а тимот на Рубен Аморим е на прагот да стигне до финалето по убедливата победа на гости над Атлетик Билбао (3:0). Сепак, тоа не го менува фактот дека трикратниот европски шампион игра далеку под својот углед, и покрај огромните инвестиции во засилувања година по година. Sitel