Фудбалскиот клуб Интер од Мајами се откажа од правото да започне преговори со играчот на Манчестер Сити Кевин Де Брујне, со што Чикаго останува главен фаворит да го донесе белгискиот фудбалер во американската МЛС лига, пренесе денес Би Би Си. Интер имаше ексклузивно право да преговара со Де Брујне во рамките на МЛС лигата, доколку Белгиецот реши својата кариера да ја продолжи во Америка, но клубот од Мајами нема да го искористи тоа право. Sportski