Барса тргна и по трет гол, а кога се чинеше дека темпото опаѓа каталонците сепак успеаја во големата желба, Рафиња беше стрелец за тотална еуфорија меѓу гостинските фудбалери и навивачи.
Очекувано, Интер тргна на се или ништо во самиот финиш, а таквиот пристап вроди со плод во 93. минута, кога Ачерби одлично се снајде во шеснаесетникот и во манир на голем стрелец ја смести топката во мрежата. Ekipa
Лаутаро ја загуби топката, Олмо во контра напад брилијантно му ја намести топката на Јамал, но младиот шпански напаѓач шутираше лошо.
Во последните моменти од првото полувреме, Интер постигна втор гол. Nezavisen
Сепак, во 60. минута, дури ни Зомер не можеше ништо да направи.
Мартин центрираше, а Дани Олмо со глава ја испрати топката во мрежата за 2:2. Нови возбудувања пред голот на Интер следеа во 68. минута. Netpress
Првото полувреме мина токму онака како што посакуваше домашниот тим, оставајќи им ја топката на гостите, но и максимално користејќи го просторот што каталонците вообичаено го оставаат во сопствената половина.
По една украдена топка на противничката половина Интер поведе преку Лаутаро Мартинез, на асистенција на Дамфрис, а пред самиот крај на полувремето веќе беше 2-0, со пеналот на Хакан Чалханоглу покажан по сугестија од ВАР-собата по стартот на Кубарси над Мартинез. Ekipa
Првиот финалист на Лигата на шампионите оваа сезона е Интер, кој во спектакуларен реванш ја победи Барселона со 4:3 по продолженија и се пласираше понатаму со вкупен резултат од 7:6. Интер водеше со 2:0 со головите на Лаутаро Мартинез (21) и Хакан Чалханоглу (45-11м), но Барселона го сврти резултатот во второто полувреме со головите на Ерик Гарсија (54), Дани Олмо (60) и Рафиња (88). Токму кога се чинеше дека Барса ќе слави, Интер израмни во третата минута од судиското продолжение со голот на Франческо Ачерби, со што натпреварот се одведе во продолжение. Nezavisen
Во продолжението, италијанскиот тим ја оствари победата со голот на Давиде Фратеси во 99-тата минута.
Ова е второ финале за Интер во последните три сезони, седмо вкупно, а досега победија три пати (1964, 1965, 2010). Во финалниот натпревар на 31 мај на „Алијанц Арена“, „нероаѕурите“ ќе играат против победникот од утрешниот натпревар помеѓу ПСЖ и Арсенал, откако францускиот шампион славеше со 1-0 во Лондон. Nezavisen