Откако победи на првиот натпревар пред една недела во Лондон со 1-0, францускиот првак ја удвои предноста на реваншот пред своите гледачи во 22 минута со голот на Руиз, а Хакими во 72 минута го зголеми водството на 2-0. Арсенал ја намали негативата преку Сака во 72 минута, но англискиот тим не успеа да дојде со целосен резултатски пресврт и остана без финале во елитното европско клупско натпреварување.
Противник на ПСЖ во финалето ќе биде италијански Интер, кој вчера во драматичен реванш во Милано ја совлада Барселона со 4-3 по продолженија, откако првиот натпревар во Шпанија заврши нерешено 3-3. Финалето во Лигата на шампиони е на програмата на 31 мај на „Алијанц Арена“ во Минхен. Nezavisen