Шпанскиот тим, кој допатува на „Олд Трафорд“ без четворица клучни играчи, дојде во водство во 31 минута преку Хаурегизар, но Манчестер Јунјатед дојде до целосен резултатски пресврт со головите на Маунт (72, 90+1)), Касемиро (80) и Хојлунд (85). Пласман во финалето со две победи обезбеди и Тотенхем, кој по триумфот пред една недела во Лондон од 3-1, триумфираше и вечерва на гостувањето во Норвешка со 2-0 со головите на Соланке (63) и Поро (69). ег. Libertas