Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, истакна дека пласманот во финалето во Лига Европа ќе биде безвреден, доколку неговиот тим не ја освои титулата во сезоната во која има очајни настапи во домашното првенство.
Манчестер Јунајтед синоќа обезбеди пласман во финалето во Лига Европа, откако го совлада Атлетик Билбао со 4-1 и го елиминираше шпанскиот тим со вкупен резултат од 7-1. Противник на тимот на Аморим во финалето на 21 мај во Билбао ќе биде Тотенхем, кој сезонава три пати го совлада Манчестер Јунајтед.