Еден од присутните на стадионот фрли столица кон теренот, при што беше погоден фудбалерот на Абердин, Џек Мекензи, кој притоа заработи сериозни повреди на главата.
Вистински скандал се случи по натпреварот денеска меѓу Данди Ј. и Абердин во последното коло од шкотската Премиер лига, откако дефанзивецот на Абердин, Џек Мекензи беше удрен со дел од седиште од трибините, фрлено од еден од навивачите на неговиот клуб за време на инвазијата на теренот која се случи по победата на Данди Јунајтед со 2:1 и пласманот на тимот на нашите Трапановски и Бабунски во Лигата на Европа за следната сезона.