Новиот спортски директор на Милан, Игли Таре, ќе има клучна улога во формирањето на тимот за наредната сезона, а особено внимание ќе се посвети на средниот ред каде што веќе е договорен Лука Модриќ.
Покрај Модриќ, „росонерите“ активно бараат и дефанзивен играч за врска, а во моментов најблиску до трансфер е Гранит Џака, 32-годишниот фудбалер на Баер Леверкузен, кој имаше извонредна сезона во Бундеслигата.