Ламин Јамал не само што блескаше на теренот во текот на сезоната, туку сега може да одигра и клучна улога зад сцената во доведувањето на едно од најзвучните засилувања за Барселона летово.
Ламин Јамал на својот Инстаграм профил постираше заедничко фото со Нико Вилијамс, а се знае дека во текот на денешниот ден раководството на каталонската гордост, имаше преговори си офанзивецот на селекцијата на Шпанија и Билбао, инаку голем пријател на Јамал.