Управата на новиот македонски прволигаш, Башкими, објави дека нов тренер на првиот тим ќе биде поранешниот фудбалер, Муарем Муарем, кој зад себе има богата кариера.
36-годишниот тренер ќе има сериозен предизвик да оствари добри резултати во првиот прволигашки предизвик после цели 16 години, а од клубот му посакаа многу успеси и позитивен биланс во работата.