Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, даде свое видување по изненадувачкиот пораз од Ботафого (0-1) во второто коло од групната фаза на Светското клупско првенство во САД.
Фудбалерите на Ботафого синоќа во Пасадена триумфираа над европски првак ПСЖ со 1:0, во натпревар од второто коло од групата Б на Светското клупско првенство.
Актуелниот европски првак ПСЖ после победата над Атлетико Мадрид со убедливи 4-0, доживеа вистински шок откако загуби од шампионот на Јужна Америка, екипата на Ботафого со 1-0. Атлеико Мадрид, пак, ја оправда улогата на фаворит против Сиетл Сандерс, и победи со 3-1. Ботафого испиша историја на првото Светско клупско првенство, и додје до втора победа.