Извршниот директор Миленко Неделковски ја коментираше и работата на актуелниот тренер на Вардар, Гоце Седлоски, кој успеа да го спаси клубот од испаѓање со серија од осумнаесет натпревари без пораз во сите конкуренции, а го донесе и Купот на Македонија по осумнаесет години.
Фудбалерите на Вардар втора година по ред се подготвуваат во Раденци, Словенија, место кое се покажа како одличен домаќин за „црвено-црните“.
ЕКИПА во Раденци, Словенија Горан Бошев На средбата со медиумите за време на подготовките на „црвено-црните“ во Раденци, Словенија, извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски информираше дека најтрофејниот македонски клуб во новата сезона со вкупен буџет од 3,5 милиони евра ќе атакува на двојната круна во македонскиот шампионат.