Фудбалерите на Интер од Мајами се квалификуваа за осминафиналето на Светското клупско првенство, откако одиграа нерешено против Палмеирас 2:2 на домашен терен, во натпреварот од последното, трето коло од Групата А. Покрај Интер, пласман во осминафиналето обезбеди и Палмеирас.
Можеби најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, денеска го прославува својот 38. роденден со уште еден исклучителен подвиг – 33. пласман во елиминациска фаза на едно големо натпреварување и тоа без ниту едно испаѓање во групна фаза во текот на својата богата кариера.
Интер Мајами и Палмеирас одиграа нерешено 2:2 во последното коло од Групата А, со што двата тима се пласираа во осминафиналето на Светското клупско првенство.