Македонскиот фудбалски шампион Шкендија ремизираше 1-1 против бугарска ЦСКА Софија во пријателски натпревар како дел од подготовките за настапот во квалификациите во Лигата на шампионите.
Тимот од главниот град на Бугарија поведе со 0-1 со голот на Теодор Иванов во 60. минута.
Фудбалерите на Шкендија го одиграа првото реми во подготвителниот период, откако мечот против ЦСКА Софија заврши со нерешени 1-1. По првото полувреме натпреварот во Чатеж не понуди погодоци и мрежите мируваа. Gol
Израмнување за Шкендија донесе Ендрит Красниќи со ефектен погодок за 1-1 на пет минути пред истекот на регуларното време.
До крајот на подготовките во Словенија екипата на Шкендија ќе се судри уште со Олимпија Љубљана. 24fudbal
Шкендија и ЦСКА Софија попладнево одиграа контролен меч во Словенија кој заврши 1-1. Македонскиот првак се спаси од пораз во 84-та минута со прекрасен гол на Ендрит Красниќи кој со прецизен неодбранлив шут од далечина по кој топката заврши во горниот агол, донесе заслужено израмнување.
Армејците поведоа во 60-та минута со гол на Теодор Иванов кој дебитираше во дресот на 31-кратниот бугарски првак, а огромна заслуга за погодокот има и новиот голман Бабукар Гај на Шкендија кој дојде од Воска спорт. Sportmanija
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар забележа втора победа на подготовките во Словенија, каде ја темпира формата за настапот во еврокуповите.
Вардар ја забележа втората победа на подготовките во Раденци, Словенија откако денеска со 1-0 го совлада романскиот Рапид Букурешт.
Главниот тренер на Ал-Наср, Стефано Пиоли, е отпуштен, објави прес-службата на саудискиот клуб.
Кристијано Роналдо не размислува да стави крај на импресивната фудбалска кариера.
Игли Таре, спортскиот директор на Милан, денеска зборуваше на прес-конференција одржана во седиштето на „Росонерите“.
Она што се шпекулираше пд завршувањето на сезоната 2024/2025, сега доби потврда, Лука Модриќ стана нов играч на Милан.
Нејмар ќе го продолжи договорот со Сантос.
Бразилскиот фудбалер Нејмар постигнал договор со Сантос во врска со новиот договор и се очекува да го потпише оваа недела, тврдат бразилските медиуми.
Во фудбалот постојат приказни кои го надминуваат резултатот на теренот — токму таква е и приказната на Кристијан Греј, обичен наставник кој напиша неверојатна фудбалска бајка на Светското клупско првенство.
Бенфика го победи Баерн со 1:0 и го освои првото место во Ц групата на клупскиот Мундијал.