Македонскиот прволигаш Силекс денес се тестираше со Дрита од Косово во Банско, Бугарија, победник на мечот немаше, а беа постигнати четири погодоци, за конечни 2:2. За македонскиот прволигаш погодоците ги постигнаа двајца дебитанти, Мартин Мирчевски од пенал и Миљан Говедарица кој беше прецизен со глава. Sportskamreza