Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Вардар, го реализира едно од најзвучните засилувања ова лето според биографијата – францускиот фудбалер со конгоанско потекло, Ворен Чимбембе, кој потпиша договор со македонскиот великан.
Чимбембе (26), кој игра како централен или офанзивен играч за врска, доаѓа со богато искуство од француската Лига 1 и Лига 2, каде што настапуваше за екипите на Мец и Троа, како и за Генгам.