Иницијативата за промовирање на „Шпанско-македонскиот фудбалски речник“ оди подалеку од теренот и го поврзува фудбалот со образованието и културната размена.
Особено ни е важно што разговорите отворија простор и за потенцијална соработка во делот на едукација на млади тренери, во партнерство со шпански клубови во соработка со Ла Лига. Sportmanija
Веруваме дека вложувањето во знаење и искуство е најдобар начин да обезбедиме одржлив развој на нашиот фудбал“, истакна генералниот секретар на ФФМ, Леонид Jaндреоски.
Од страна на ФФМ беше изразена благодарност за посетата и отвореност за конкретни проекти во иднина, во делот на едукација, размена на искуства и развојни програми инспирирани од позитивните примери на Ла Лига. Gol
„Фудбалот е универзален јазик кој поврзува луѓе и култури.
Преку соработка со институции како ФФМ, сакаме да изградиме долгорочни партнерства кои ќе ја збогатат фудбалската сцена и ќе донесат нови можности за младите“, истакна претставникот на Ла Лига, Естебан Касадо, кој заедно со амбасадорот на Шпанија во Македонија, Рафаел Сороано Ортоз и заменикот шеф на мисијата во Скопје, Паула Навајо Гомез беа примени од претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ и генералниот секретар, Леонид Јандреоски. Sitel