Сепак, дотогаш веќе може да биде предоцна бидејќи Гонзало Гарсија блеска во нападот и новиот тренер ќе му даде шанса наместо да доведе уште еден „број девет“.Тоа е проблем плус за Бразилецот, а Јувентус е подготвен да чека шанса да го ангажира.„Ендрик чека да види што ќе одлучи Чаби Алонсо откако Анчелоти во голема мера го игнорираше“, објавува „Тутоспорт“, додавајќи:„Јувентус е во игра, покажува интерес и ќе направи конкретни потези ако се отвори можност да го доведе“.Ендрик му се придружи на Реал (М) од Палмеирас за 47,5 милиони евра, а неговата моментална пазарна вредност е 35 милиони евра. Alsat