Мусиала има тешка повреда – ќе се врати на теренот до крајот на годината.
Во четвртфиналето на Светското клупско првенство, ПСЖ го победи Баерн со 2:0, натпревар кој го обележа сериозната повреда на Џамал Мусиала.
Џанлуиџи Донарума вчера во една борба за да стигне до топката го повреди Џамал Мусиала, по што доби критики од колегата Мануел Нојер, но има и такви кои застанаа на негова страна.
Баерн Минхен остана без Џамал Мусиала, еден од своите најважни фудбалери, откако офанзивецот доживеа тешка повреда на четвртфиналето од Светското клупско првенство против ПСЖ.