Лука Модриќ го одигра својот последен натпревар за Реал Мадрид против Пари Сен Жермен во полуфиналето на Светското клупско првенство.
Хрватскиот ветеран Лука Модриќ официјално ја заврши кариерата во дресот на Реал Мадрид, напуштајќи го Кралскиот клуб како најтрофеен фудбалер во историјата на мадридскиот гигант.
Фото: EuroFoot Се очекуваше натпреварот помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид да биде многу понеизвесен натпревар, но на крајот сè беше решено по 25 минути од натпреварот кога европскиот првак поведе со 3-0, а потоа во самиот финиш од натпреварот Рамос стапи на сцена и ги постави конечните 4-0. Сепак, главна тема по натпреварот во Њујорк беше хрватскиот играч од средниот ред Лука Модриќ, кој синоќа го одигра својот последен натпревар во дресот на Реал Мадрид.
Лука Модриќ (39) го одигра својот последен натпревар за Реал.