1 (5) ■ вести > македонија > хроника > мвр ■ 03-Jul 09:15 -> 05-Jul 19:45
.
.
.
.

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

  • Внатрешна контрола „дрма“ и за викенд - расчистен случајот за наводно непрофесионално постапување на полицијата во Прилеп

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презеде соодветни мерки и го расчисти случајот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди денеска експресно го расчистил случајот што попладнево беше објавен на социјалните мрежи, а се однесува на наводно непрофесионално постапување на полицијата во Прилеп.

2 (68) ■ вести > македонија > политика > мвр ■ 04-Jul 15:38 -> 05-Jul 16:21
.
.
.
.

Тошковски: „Безбеден град“ со ригорозни мерки за возачите, можно е и одземање на возилото

  • Почната постапка за промена на повеќе закони за ставање во функција на системот „Безбеден град“

  • Се постапува за утврдување случаи со дивоградби, вели Тошковски

  • Ова не е буцни прачка, пиј вино“ - Тошковски уверува дека се постапува за дивоградбите во Чаир

НасловнаМакедонијаТошковски: „Безбеден град“ со ригорозни мерки за возачите, можно е и одземање на возилото You cannot print contents of this website.

За да можеме да го ставиме во функција системот Безбеден град треба да смениме отприлика шест-седум закони, отпочната е постапка за секој од овие, но не само закони директно поврзани со имплементацијата на системот, туку и закони кои треба да направат суштинска разлика и раздвојување на безредието од претходно со она што треба да го имплементираме како нормален ред и поредок, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се постапува за утврдување случаи со дивоградби и најавува дека резултатите ќе бидат видливи во скоро време.

Министерството за внатрешни работи постапува по наредба од јавен обвинител во врска со случаите на дивоградби на подрачјето на скопската општина Чаир.

3 (25) ■ вести > македонија > хроника > мвр ■ 05-Jul 12:45 -> 05-Jul 17:30
.
.
.
.

▷ Бајач од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

  • Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра - тврдел дека истерува зли магии од нивниот син

  • Лишен од слобода „бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП пријавил кривично дело – „измама“ по чл. 247 ст.4 од Кривичниот законик на РСМ против лицето Д.И. (54) од село Трубарево, скопско.Имено, според пријавителот во период од 2022 до 2025 година пријавениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување на факти ги довел и ги држел во заблуда пријавителот и неговата сопруга М.Д. прикажувајќи се самиот себе како лице со посебни паранормални способности (наводен „бајач“, истерувач на духови и магии) , односно како “Божји човек” кој има моќ и сила да растури зла маѓија што наводно била направена над нивниот син и што наводно му го загрозувала неговото здравје и живот.

Полициски службеници од СВР Штип во соработка со ОВР Берово, СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција привеле 54-годишен жител на скопското село Трубарево, осомничен дека подолг временски период измамувал брачен пар од Берово, претставувајќи се како „бајач“ со натприродни способности.

фото: Пиксабеј Седумдесет и шест годишен беровчанец во СВР Штип пријавил дека бил измамен од 54 годишен бајач, од село Трубарево.

6 (115) ■ вести > свет > сад > војна ■ 03-Jul 02:27 -> 05-Jul 18:45
.
.
.
.

Трамп го потпиша својот „голем, прекрасен“ закон: „Никогаш не сум видел толку среќни луѓе“

  • Претставничкиот дом на САД го усвои законот на Трамп за даночни намалувања и кратења на трошоците

  • Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД

  • Јермак: Трамп и Зеленски имаа „многу важен и суштински“ телефонски разговор

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во Белата куќа потпиша голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на церемонија на отворено по повод Денот на независноста што личеше на негов политички митинг.

За законот гласаа 218 пратеници, додека 214 беа против.

Телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп заврши, соопшти советникот на Путин, Јуриј Ушаков, пренесе ТАСС.

Претседателите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, денеска имаа телефонски разговор, откако по вчерашниот повик со рускиот претседател, Владимир Путин изјави дека Москва ќе продолжи со воената агресија врз Украина, без оглед на повиците од Западот за прекин на огнот.

8 (105) ■ вести > македонија > политика > граѓани ■ 03-Jul 01:32 -> 05-Jul 14:00
.
.
.
.

Коалиција Маргини: Да се зборува за зголемување на наталитет како политички хоризонт, а не како резултат на веќе постојна нееднаквост, е политичко лицемерие кое не само што не нуди решение, туку го засилува проблемот. | 4NEWS.mk

  • Мицкоски: Размислуваме за дополнителни даноци за немажени и неженети

  • СДСМ: Шокантно, наместо поддршка за младите - Мицкоски запнал да ги казнува луѓето што не се во брак

  • Мицкоски: Градиме темели на промени, исплативме субвенции, фер распределба на земјиште и поддржуваме ново производство

Остро ја осудуваме изјавата на Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца, младите ќе стапуваат во брак, а оние кои што се отселени ќе се вратат”.

Во 2024 година се родија 16061 дете, а починаа 20201 лице.

Со шок и неверување СДСМ ја проследи намерата на Мицкоски да ги казнува дополнително граѓаните и да воведе данок на неженети и немажени.

Велат,секој почеток е тежок.

10 (3) ■ вести ■ 04-Jul 08:30 -> 05-Jul 18:36
.
.
.

Како да ги исчистите дамките од душекот: Ако мислите дека нема начин, пробајте го овој трик

  • „Транзицијата од онлајн на предавања со физичко присуство беше тежок предизвик“, вели Мила Чолакоска, најдобар студент на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер

Експертката за чистење Шантел Мила открива едноставен трик како да ги отстраните дури и најтврдокорните дамки од вашиот душек без многу напор.

„Транзицијата од онлајн на предавања со физичко присуство беше тежок предизвик“, вели Мила Чолакоска, најдобар студент на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер „Дизајнот на ентериер и мебел е уметност која бара посветеност и пожртвуваност, а прекрасно е чувството вложениот труд да ти биде признаен на ваков начин“, потенцира Мила Чолакоска, која го доби признанието за најдобар студент на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер за академската 2023/2024 година од страна на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

11 (12) ■ вести > македонија > хроника ■ 05-Jul 10:57 -> 05-Jul 17:46
.
.
.
.

ЦУК: Од вкупно 22 пожари на отворен простор се уште активни се пет

  • Активни четири пожари - еве каде се уште гори

На територијата на државата денеска до 18:30 часот се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои активни се пет, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има кај прилепското село Бешиште – приземен пожар во квалитетна мешана шума, во село Црешнево, место викано Церо Поле, во општина Македонски Брод, каде што гори деградирана дабова шума и грмушки, во Општина Чашка активен е шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (во моментов нема активен пламен, само чад на карпест дел), како и два пожари во ниска вегетација во село Романце, во Општина Куманово и село Таринци, во Општина Карбинци.

Осум пожари на отворен простор се евидентирани на територијата на државава до 13 часот, од кои половината се активни, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има кај прилепското село Бешиште – приземен пожар во квалитетна мешана шума, во село Црешнево, место викано Церо Поле, во општина Македонски Брод, каде што гори деградирана дабова шума и грмушки, во Општина Чашка активен е шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (во моментов нема активен пламен, само чад на карпест дел), како и пожар во ниска вегетација во општина Велес.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

356 (4) ■ бизнис > берза ■ 04-Jul 11:57 -> 04-Jul 17:17
.
.
.

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 04.07.2025 изнесува 105,75 евра за мегават час, на МЕМО 98,92 евра за мегават час

  • ПРОСЕЧНАТА ЦЕНА НА МЕГАВАТ ЧАС СТРУЈА ВО УНГАРИЈА Е 105,75 ЕВРА На македонската берза е 98,92 евра за мегават час

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 04 јули просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 105,75 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 98,92 евра/mwh.

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 04 јули просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 105,75 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 98,92 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 73,67 евра за мегават час, а на MEMO 41,16 евра. фото: ЕДС Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 37,90 евра, додека цена според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 33,66 евра.

193 (3) ■ магазин > калеидоскоп ■ 04-Jul 20:35 -> 05-Jul 09:00
.
.
.
.

„КАТИЦА Е ХЕРОИНА НА КОЈА ТРЕБА ДА СЕ ОГЛЕДААТ МНОГУМИНА“: Михаилов за повредената колешка и жртвата на вработените во претпријатието

  • „Храброст што се граничи со лудост“ - при гаснење на пожарите повредена Катица, директорка на шумското стопанство во Куманово

Добивај вести на Viber Денеска заедно со Сашо Стошевски , директорот на општата болница во Куманово ја посетивме нашата колешка Катица, директорката на шумското стопанство во Куманово која вчера при гаснење на пожарите во општина Старо Нагоричане во близина на селото Длабочица, беше повредена при што итно беше хоспитализирана и подложена на тешка операција.

Заменик директорот на ЈП Национални шуми Кире Михаилов, сподели дека денеска заедно со Сашо Стошевски , директорот на општата болница во Куманово ја посетиле нивната колешка Катица, директорката на шумското стопанство во Куманово која вчера при гаснење на пожарите во општина Старо Нагоричане во близина на селото Длабочица, беше повредена при што итно беше хоспитализирана и подложена на тешка операција.

138 (2) ■ сцена > музика ■ 05-Jul 12:45 -> 05-Jul 12:45
.
.
.
.

(ВИДЕО+ФОТО) ФИНАЛЕ НА ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД

  • (ФОТО) Само еден може да победи: Погледнете кој се е меѓу финалистите на „Звездите на Гранд“

(ВИДЕО+ФОТО) ФИНАЛЕ НА ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД – Никола Станишиќ: „Се’ оди од почеток“ Актуелно, музика, Сцена Вечерва, поради нередите во Белград, повторно ќе се одржи финалето на „Ѕвездите на Гранд“…Нашиот финалист, Никола Станишиќ редовно известува за сите случувања особено затоа што минатата сабота се одржа првиот круг на гласање… Никола вели:„Се оди од почеток, гласовите од минатата недела остануваат, но не може да се гласа од странство“.

(ФОТО) Само еден може да победи: Погледнете кој се е меѓу финалистите на „Звездите на Гранд“ Актуелно, музика, Сцена Дваесетте финалисти, кои ги освоија симпатиите на публиката и стручното жири од септември, се подготвени да блеснат во полн сјај во големото финале на „Звездите на Гранд“ . Секој од нив има свој уникатен стил на пеење, енергија и харизма, а публиката ќе одлучи кој ќе ја понесе ласкавата титула нова Гранд Ѕвезда.

254 (7) ■ сцена > култура ■ 03-Jul 07:38 -> 05-Jul 10:05
.
.
.
.

Во македонскиот КИЦ во Белград отворена изложбата „Регенерација“

  • „Регенерација“ - изложба на Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска во КИЦ Белград

Во Културно-информативниот центар во Белград вечерва беше отворена изложбата „Регенерација“ на која се претставија три афирмирани претставнички на современата македонска ликовна уметност, Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска со обединувачки мотив – рефлексии врз уметникот во годините на пандемијата со Ковид-19. Нивната заедничка ликовна концепција упатува јасно предупредување и порака „да не се предаваме на културата на заборавање, но и во сопствените регенерации низ сите животни процеси и предизвици, да ги имаме културата и уметноста како свои упоришта и сигурни прибежишта“.

Македонскиот КИЦ во Белград вечерва ќе биде домаќин на изложбата „Регенерација“ на која ќе се претстават три афирмирани претставнички на современата македонска ликовна уметност, Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска.

307 (9) ■ сцена > луѓе и настани ■ 03-Jul 06:50 -> 04-Jul 10:30
.
.
.
.

Вики Миљковиќ бара извинување од македонскиот учесник во „Ѕвездите на Гранд“ чиј ментор беше таа или да плати отштета од 200 илјади евра за навреда по нејзиниот професионален интегритет - Вистина. мк

  • Се огласи македонскиот натпреварувач кој ја обвини Вики Миљковиќ дека му барала мито: Им се обрати на сите кандидати

Некогашниот натпреварувач од Македонија во „Ѕвездите на Гранд“, Александар Темелков, ја обвини својата менторка Вики Миљковиќ дека му барала мито од 20 илјади евра за да продолжи во натпреварот, а ваквата негова изјава се прошири низ регионот, па стигна и до Миљковиќ.

Поранешниот натпреварувач на српското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Македонецот Александар Темелков, тврдеше дека неговата менторка Вики Миљковиќ му побарала мито, а откако таа поднесе опомена пред тужбата поради невистини, тој сега се правда дека сè било погрешно разбрано.

439 (4) ■ сцена > култура ■ 03-Jul 08:49 -> 04-Jul 12:15
.
.
.
.

Проектот „Мевлем” во Битола ја потврди својата уметничка автентичност и длабока емотивна сила

  • „Јон Вардар против Галаксијата“ овој викенд на Grossmann Fantastic Film & Wine Festival во Словенија

Синоќа, во исполнетиот простор на Платото пред Офицерски дом во Битола, во рамките на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ”, публиката имаше можност да доживее едно вистинско уметничко патување низ љубовта, болката и надежта преку уникатниот проект „Мевлем”.

Битолското културно лето „Бит фест“, вечерва во Офицерскиот дом во Битола со почеток во 21:00 часот, ќе биде домаќин на прекрасна вечер во која музиката низ Проектот „Мевлем“ ќе зборува за љубовта, болката и надежта… Проектот „Мевлем“, претставува уникатен спој на авторска музика и поезија од композиторот и поет Марко Виденовиќ, кој наиде на извонреден прием и сериозен одек меѓу публиката и културната јавност, како во земјава така и надвор од неа.

395 (5) ■ технологија > вештачка интелигенција ■ 03-Jul 04:54 -> 04-Jul 21:15
.
.
.
.

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ИМ ГИ ОДЗЕДЕ РАБОТНИТЕ МЕСТА Околу 9.000 работници ќе мора да заминат од „Мајкрософт“

  • МАЈКРОСОФТ ОТПУШТА девет илјади вработени

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ИМ ГИ ОДЗЕДЕ РАБОТНИТЕ МЕСТА Околу 9.000 работници ќе мора да заминат од „Мајкрософт“ „Мајкрософт“ е компанијата која е една од најнапредните во примена на ВИ. Компанијата во април соопшти дека од 20 до 30% од внатрешното програмирање е направено со употреба на ВИ. Од МИА Објавено 03/07/2025 10:38:15 фото: принтскрин, лого „Мајкрософт“ (Microsoft) најави дека ќе отпушти уште неколку илјади вработени, откако во мај подели откази на 3% од вработените на сите нивоа и географски подрачја.

Време зa читање: 3 минутиВо најновата рунда отпуштања, Мајкрософт најави дека ќе отпушти околу 9.000 вработени.