Шпанскиот фудбалер Алваро Карерас е нов член на Реал Мадрид, објави синоќа Кралскиот клуб.
Карерас потпиша шестгодишен договор и се пресели во Реал од португалска Бенфика која ќе добие обесштетување од 50 милиони евра.
Според извештаите во шпанските медиуми, кралскиот клуб платил 50 милиони евра на португалска Бенфика, а Карерас потпишал шестгодишен договор со Реал.
Всушност, 22-годишникот се враќа во редовите на Реал, за кого играше во младинските тимови пред да се пресели во Манчестер Јунајтед. Netpress
Реал Мадрид ја финализираше зделката со Бенфика за Алваро Карерас. Sportski
Управата на најтрофејниот клуб во светот, , доведе ново големо засилување за следните години, а тоа е шпанскиот дефанзивец, Алваро Карерас, кој потпиша договор до 2031 година.
Левиот бек досега настапуваше за португалската , која доби „солена“ сума од 50 милиони евра како отштета за трансферот. Gol
Во текот на денешниот ден официјално треба да биде потврден трансферот на Алваро Карерас од Бенфика во Реал Мадрид. Sport1
Екипата на Реал Мадрид вечерва го потврди трансферот шпанскиот дефанзивец, Алваро Карерас кој пристигнува од Бенфика.
„Кралевите“ потврдија дека Карерас кој има 22 години ставил потпис на договор од шест години со важност до 30 јуни 2031 година. Sport1
Младиот 22-годишен лев бек беше на радарот на „кралскиот клуб“ подолг период, а по интензивни преговори, мадридскиот гигант се согласи да плати 50 милиони евра за неговите услуги.
Карерас важи за еден од најперспективните дефанзивци во Европа, а неговото пристигнување се гледа како дел од долгорочниот план за подмладување на тимот. Sportski
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Шпанскиот дефанзивец Алваро Карерас (22) и официјално е нов фудбалер на Реал Мадрид.
По тој меч следуваа серија на состаноци меѓу Флорентино Перез и Чаби Алонсо со цел да се најде начин тоа што се случи во САД да не се повтори.
Флорентино Перез на крајот од минатата сезона одлучи дека е време да му се заблагодари на Карло Анчелоти за соработката откако немаше многу светли резултати со Реал минатата сезона.
Реал Мадрид мора да се приспособи на животот без Лука Модриќ кој по 13 години поминати во главниот град на Шпанија замина од клубот како легенда со најголем број на освоени трофеи.
Според шпанските медиуми, Модриќ бил видно фрустриран по последниот судиски свиреж и во соблекувалната гласно го искажал своето незадоволство од ангажманот на неколку ѕвезди во тимот.
Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ попладнево пристигна во Милано за да ги мине задолжителните лекарски прегледи и да потпише едногодишен договор со Милан, јавија локалните медиуми.
Лука Модриќ викендов се збогува со своите соиграчи во Реал Мадрид и денес пристигна во Милано на потпис и претставување во својот нов клуб.
Душан Тадиќ долго време калкулираше околу следниот чекор во кариерата по заминувањето од Фенербахче.
Душан Тадиќ (36) ќе настапува за мадридски Атлетико следната сезона, објави српски „Телеграф“.
„Чувство е одлично, уште повеќе затоа што сите се сомневаа во нас пред натпреварот, а ние знаевме дека можеме да победиме“, изјави Кол Палмер, кој го предводеше Челзи до победата од 3-0 над ПСЖ во финалето на Светското клупско првенство.
Челси синоќа со 3-0 го победи ПСЖ и го освои Светското клупско првенство, покрај големиот пехар, тие се враќаат побогати и за речиси 100 милиони евра.
Познато колку пари заработи Челси, но и другите тимови на Светското клупско првенствоЧелси синоќа убедливо го совлада ПСЖ со 3-0 и триумфираше на Светското клупско првенство, освојувајќи не само престижен трофеј, туку и значителна финансиска награда.