1 (134) ■ вести > македонија > хроника ■ 18-Jun 04:15 -> 20-Jun 14:45
.
.
.
.

Страшески: Нема ниту еден конкретен доказ кој ја докажува вината на Палевски, предлагам ослободителна пресуда

  • Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски

  • Адвокатот на Манев побара казна само за киднапирањата на Вања и Панче, а не и за убиствата

  • Одбраната бара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев и Видевски за убиствата на Вања и Панче

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште во својот завршен збор во Основниот кривичен суд за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, побара ослободителна пресуда за првообвинетиот Љупчо Палевски, посочувајќи дека Основното јавно обвинителство не ја докажало вмешаноста на Палевски во двата кривично правни настани.

Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупло Палевски откако денеска во Основен кривичен суд Скопје одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда.

Адвокатот Горан Бошевски, бранител на обвинетиот Велибор Манев, во својот завршен збор за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во однос на кривичното дело убиство, а осудителна за делото грабнување.

Бранителот на обвинетиот Влатко Кешишев, адвокат Игор Ефремов, денеска во Основен кривичен суд Скопје побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во врска со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, со образложение дека тој не само што не учествувал, туку ниту знаел, ниту имал намера тоа да се случи.

2 (169) ■ вести > македонија > политика ■ 18-Jun 02:47 -> 20-Jun 15:30
.
.
.
.

Петрушевски: Тепачката од Кочани е план за дестабилизација направен во Дубаи меѓу Заев и Филипче

  • Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го држат градот во заложништво

  • Мицкоски: Постои сериозна опасност дали СДСМ ќе продолжи да постои по локалните избори

  • Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на дното во Европа

Прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски: „СДСМ влегува во сериозно смислено сценарио за дестабилизација во Кочани, со цел спас на Венко Филипче, кој има очајно низок рејтинг и на кого му се заканува дебакл на локалните избори.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати пред членовите на градската организација на партијата во Скопје и ги критикуваше локалните и централните политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека не гледа конструктивност од страна на опозициската СДСМ во однос на процесот на евроинтеграции на земјава и нагласи дека поради едноцифрениот рејтинг, кој сега го има партијата, има сериозна опасност дали таа ќе продолжи да постои по локалните избори.-Гледате дека градиме, се бориме низ цел свет, а тој (Венко Филипче) со една изјава вика јас сѐ прифаќам, сѐ што ќе ми ставите на маса дајте да потпишам, само вратете ме на власт да бидам премиер, тоа не е конструктивност, тоа е рушење и затоа имаат едноцифрен рејтинг и мислам дека по локалните избори постои сериозна опасност дали таа политичка партија ќе продолжи да постои, изјави Мицкоски.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа на драматичниот пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, економскиот колапс и лицемерното однесување на Владата, која наместо резултати, нуди само пропаганда.

6 (123) ■ вести > свет > еу ■ 18-Jun 05:14 -> 20-Jun 13:15
.
.
.
.

Трамп: Немаат поим што јас мислам за конфликтот меѓу Израел и Иран

  • Трамп: Можеби ќе го нападнам Иран, можеби не

  • Трамп одби да одговори дали ќе издаде наредба за напад врз иранските нуклеарни објекти

  • Белата куќа: Трамп ќе одлучи дали да го нападне Иран во рок од две недели

Американскиот претседател Доналд Трамп го негираше извештајот на „Волстрит журнал“ дека ги одобрил американските планови за напад врз Иран, велејќи дека весникот „нема поим“ што мисли тој за израелско-иранскиот конфликт.

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите на тревникот на Белата куќа.

Фото: Facebook/Donald J. Trump Претседателот на САД, Доналд Трамп на денешниот брифинг со новинарите во Белата куќа одби да одговори дали ќе издаде наредба за напад врз иранските нуклеарни постројки.

Белата куќа објави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе донесе одлука за евентуален напад врз Иран во следните две недели.

14 (12) ■ вести > македонија > хроника ■ 20-Jun 09:56 -> 20-Jun 13:30
.
.
.
.

Државниот градежен инспекторат стопира градба во старата охридска чаршија

  • Градел на диво: Инспекторатот стопираше изградба во Старата охридска чаршија, следуваат кривични пријави

Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам постапувајќи во рамки на своите надлежности преку вонредна контрола направи увид во изгрaдба на објект во општина Охрид, објект кој се наоѓа во заштитетната зона на Старото градско јадро во Охрид, поточно во Старата охридска чаршија.

Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам постапувајќи во рамки на своите надлежности преку вонредна контрола направил увид во изгрaдба на објект во општина Охрид, објект кој се наоѓа во заштитетната зона на Старото градско јадро во Охрид, поточно во Старата охридска чаршија.

16 (28) ■ вести > македонија > хроника ■ 19-Jun 06:04 -> 20-Jun 15:30
.
.
.
.

Пресудите за Рамиз Мерко се доказ за правосудниот колапс на судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица, вели ВМРО-ДПМНЕ

  • Со завршен збор на одбраната, продолжува судењето против Мерко за поставувањето директори на четири училишта

  • Обвинителството бара Мерко да се прогласи за виновен, бранителите тврдат-законски поставувал директори

„Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица се заштитници на криминалот на СДС и ДУИ“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава: За Мерко само парична казна за незаконско поставување директори во неколку училишта, осуден е само на парична казна од 100 дневни глоби од по 100 евра или вкупно 10 000 евра.

Одбраната на градоначалникот на Струга Рамис Мерко денеска во Основниот суд во Струга треба да даде завршен збор за четирите споени предмети кои се водат против него за незаконско поставување директори во основните училишта „Гоце Делчев“ во Подгорци (два предмети), „Мурат Лабуништи“ во Лабуништа и „Ашим Агуши“ во Радолишта.

Денеска во Основниот суд во Струга се одржаа завршните зборови за судскиот процес против градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, кој е обвинет за незаконско поставување директори на училиштата во Лабуништа, Радолишта и Подгорци.

Повеќе од
оваа категорија

31 (30) ■ спорт > фудбал ■ 18-Jun 08:51 -> 20-Jun 10:23
.
.
.
.

Мбапе е хоспитализиран во САД

  • Точка

  • Килијан Мбапе итно хоспитализиран во САД

  • Мбапе излезе од болница и им се приклучи на соиграчите од Реал Мадрид

реклама:Килијан Мбапе не само што не беше дел од тимот на Реал Мадрид синоќа во ремито против Ал Хилал, туку, од клубот предмалку објавија дека тој е хоспитализиран за време на престојов во САД.

Во превод, Мбапе има стомачен грип, а оваа информација официјално ја објави неговиот клуб, Реал Мадрид.

Реал Мадрид донесе одлука да го префрли својот најдобар фудбалер Килијан Мбапе, каде што ќе биде под надзор и подложен на дополнителни тестови, откако е откриено дека францускиот напаѓач има акутен гастроентеритис.

Facebook / Real Madrid C.F. Килијан Мбапе кој вчера беше хоспитализиран, се врати во тренинг кампот на Реал Мадрид и таму ја продолжува рехабилитацијата.

35 (20) ■ спорт > фудбал ■ 18-Jun 20:30 -> 20-Jun 12:00
.
.
.
.

Се обиде да го посрамоти Меси, а сега му се смее цел свет поради потегот (Видео)

  • Меси со мајсторија од слободен удар го сруши Порто (Видео)

  • (Видео) Меси со спектакуларен гол ја режира победата на Интер

Се обиде да го посрамоти Меси, а сега му се смее цел свет поради потегот (Видео)Лионел Меси беше централна фигура во натпреварот во кој Интер од Мајами на крајот победи против Порто со 2:1, а Фабио Виера ќе зажали што се обиде да го посрамоти Меси Фудбалерите на Интер од Мајами после целосен пресврт го совладаа Порто со резултат од 2:1 на Светското клупско првенство, а централна фигура беше Лионел Меси.

Меси со мајсторија од слободен удар го сруши Порто (Видео)Интер Мајами продолжува со одличните настапи на Светското клупско првенство, совладувајќи го португалскиот Порто со 2-1 во натпревар од второто коло, а клучен човек во пресвртот беше аргентинската фудбалска икона Лионел Меси.

Со спектакуларниот гол на Лионел Меси, Интер Мајами го победи Порто со 2:1 и дојде на чекор до пласман во осминафиналето на Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави.

Повеќе од
оваа категорија

73 (10) ■ бизнис > економија ■ 19-Jun 15:16 -> 20-Jun 07:32
.
.
.
.

Амбасадорска посета на ТИТАН Усје: Иновациите и одржливите практики во фокусот на 70-годишниот јубилеј

  • ▷ 📷 АМБАСАДОРСКА ПОСЕТА НА ТИТАН УСЈЕ Иновациите и одржливите практики во фокусот на 70-годишниот јубилеј

По повод јубилејот – 70 години од основањето на компанијата, ТИТАН Усје беше домаќин на висока дипломатска делегација составена од амбасадорот на Европската унија, Михалис Рохас, амбасадорката на Кралството Холандија, Озлем Чанел и амбасадорката на Грција, Софија Филипиоду.

По повод јубилејот – 70 години од основањето на компанијата, ТИТАН Усје беше домаќин на висока дипломатска делегација составена од амбасадорот на Европската унија, Михалис Рохас, амбасадорката на Кралството Холандија, Озлем Чанел и амбасадорката на Грција, Софија Филипиоду.

175 (9) ■ сцена > занимливости ■ 18-Jun 05:30 -> 18-Jun 17:31
.
.
.
.

Ова е најпогоден град за живеење во светот за 2025 година! Комбинација од четири фактори го стави на прво место

  • „ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво

Копенхаген е официјално прогласен за најпријатен град за живеење во 2025 година, со што го симна од тронот претходниот шампион Виена, која три години по ред го држеше првото место на листата на Economist Intelligence Unit (EIU). Во конкуренција на 173 светски градови, данската престолнина се истакна со „совршени оценки“ во категориите стабилност, образование и инфраструктура, со што го зазеде првото место на глобалниот индекс за квалитет на живот.

По три години на врвот на годишната листа на „Економист интелиџенс јунит“ (Economist Intelligence Unit - 'ЕИУ'), главниот град на Австрија е детронизиран од „прекрасниот, преубав Копенхаген“, како што се наведува.

194 (7) ■ сцена > музика ■ 18-Jun 13:40 -> 19-Jun 13:15
.
.
.
.

▷ Втор концерт на Калиопи на 6 декември во „Македонска филхармонија“

  • Втор концерт на Калиопи на 6 декември во „Македонска филхармонија" " ekran

Првиот концерт на Калиопи кој е закажан на 14 ноември во „Македонска филхармонија“ е пред распродавање, а поради големиот интерес од страна на публиката, Прагма продукција отвори и нов датум и тоа на 6 декември во „Македонска филхармонија“ Ексклузивен акустичен концерт на Калиопи “100% LIVE“ во Скопје!

Втор концерт на Калиопи на 6 декември во „Македонска филхармонија” Актуелно, домашни звезди, музика, Сцена Првиот концерт на Калиопи кој е закажан на 14 ноември во „Македонска филхармонија” е пред распродавање, а поради големиот интерес од страна на публиката, Прагма продукција отвори и нов датум и тоа на 6 декември во „Македонска филхармонија” Ексклузивен акустичен концерт на Калиопи “100% LIVE” во Скопје!

198 (5) ■ сцена > life ■ 18-Jun 10:15 -> 19-Jun 16:02
.
.
.
.

Најбогатиот пар на светот прави свадба во овој град! Еве зошто активистите, сепак, не се за тоа

  • Милијардерот ангажирал средовечна новинарка, па се развел: Вака започнала аферата што наскоро ќе се претвори во свадба на годината

Активистите во Венеција започнаа серија протести против основачот на Амазон, Џеф Безос, кој следната недела треба да се ожени со вереницата Лорен Санчез на раскошна церемонија вредна повеќе милиони долари, настан кој делумно може да го парализира градот.

Сè започнало со едноставен ангажман, а по некое време ѝ шепнал на увце: „Не можеш да се бориш против хемијата“ Милијардерот и основач на „Амазон“, Џеф Безос, наскоро ќе се ожени со некогашната телевизиска водителка Лорен Санчез, кој уште од почетокот на врската со овој моќник привлекува големо внимание.

207 (4) ■ сцена > занимливости ■ 18-Jun 04:45 -> 19-Jun 15:45
.
.
.
.

Меланија и Доналд Трамп се разведуваат? Блиски на парот тврдат дека ТАА не го поднесува органски!

  • ЉУБОВНИ ШЕПОТЕЊА Читач на усни откри кој прекар го има Трамп за Меланија додека разговарале на парадата

Контроверзниот новинар Мајк Вулф открива некои пикантерии од животот на Меланија и Доналд Трамп Новинарот и биографот Мајк Вулф тврди дека Меланија Трамп не го поднесува својот сопруг Доналд Трамп, па затоа се појавува во улогата на прва дама во јавност само кога мора.

ЉУБОВНИ ШЕПОТЕЊА Читач на усни откри кој прекар го има Трамп за Меланија додека разговарале на парадата Читачот на усни Џереми Фримен тврди дека го открил нежниот прекар што американскиот претседател Доналд Трамп го користи за својата сопруга Меланија додека двајцата разговарале на воената парада, објавува „Ириш стар“. фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE Читачот на усни Џереми Фримен тврди дека го открил нежниот прекар што американскиот претседател Доналд Трамп го користи за својата сопруга Меланија додека двајцата разговарале на воената парада, објавува „Ириш стар“.

217 (4) ■ сцена > култура ■ 18-Jun 07:13 -> 20-Jun 00:30
.
.
.
.

Групна изложба „Аквизиции и донации (2014 - 2024)“ во Националната галерија

  • Прва изложба на откупените и подарените дела на Националната галерија во Чифте амам

Во Националната галерија, во објектот Чифте вечер ќе биде отворена групната изложба „Аквизиции и донации (2014 – 2024)“. Проектот се однесува на откупените и подарените дела на колекцијата на Националната галерија во период од 10 години и е всушност прва изложба од овој тип во рамките на активностите на галеријата.

Националната галерија на Македонија на 19.6.2025 година (четврток), во објектот Чифте амам во 20 часот ќе ја отвори групната изложба „Аквизиции и донации (2014 – 2024)“. Како што укажува и самиот наслов, овој проект се однесува на откупените и подарените дела на колекцијата на Националната галерија во период од 10 години и е всушност прва изложба од овој тип во рамките на активностите на галеријата.