Иранскиот парламент денеска соопшти дека Техеран не треба да ги продолжи преговорите за својата нуклеарна програма со САД се додека не се исполнат предусловите, објави иранската агенција ИСНА.
САД и клучните европски сили – Франција, Германија и Обединетото Кралство – се договорија во понеделникот да го постават крајот на август како краен рок за постигнување нов нуклеарен договор со Иран, . Според 3 извори, запознаени со содржината на телефонскиот разговор во кој учествувале американскиот државен секретар Марко Рубио и министрите за надворешни работи на трите европски држави, доколку дотогаш не се постигне напредок, ќе се активира таканаречениот „снепбек“ (snapback) механизам.