1 (18) ■ вести > македонија > хроника ■ 24-Jun 06:06 -> 24-Jun 12:39
.
.
.
.

Судењето против таткото на Васил Јованов одложено, обвинителниот предлог изменет

  • Почнува судењето против таткото на Васил Јованов за „предизвикување општа опасност“

Судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој во јануари годинава, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова која почина на самото место се одложува за 3 септември 2025 година.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да започне судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој во јануари годинава, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова на булевар „Партизански Одреди“, која почина на лице место.

2 (45) ■ вести > македонија > политика ■ 22-Jun 19:45 -> 24-Jun 12:30
.
.
.
.

Предлог-извештајот за Македонија одобрен во Комитетот за надворешни работи, отфрлени амандманите на бугарските европратеници

  • Нов обид на Комитетот за надворешни работи на ЕП за усвојување на Извештајот на Вајц за земјава

  • Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Скопје очекува силна порака за македонскиот идентитет и јазик

  • Извештајот на Вајц за напредокот на земјава денес пред европратениците

Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент денеска со 40 гласови „за“, 19 „против“ и 10 „воздржани“ го усвои Предлог-извештајот за земјава подготвен од австрискиот европратеник Томас Вајц.

Членовите на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент на денешното заседание треба да гласаат за усвојување на Предлог-извештајот за земјава за 2023 и 2024 година подготвен од австрискиот европратеник Томас Вајц.

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент утре треба да гласа за Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот за земјава Томас Вајц.

Премиерот Христијан Мицкоски минатата недела рече дека би бил најсреќен човек на светот доколку Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент го изгласа извештајот за напредокот на Македонија, но додаде дека добил информации за нови притисоци од Софија за наводни опасности доколку извештајот биде изгласан.

4 (165) ■ вести > македонија > политика ■ 22-Jun 02:30 -> 24-Jun 12:30
.
.
.
.

Мицкоски: Верувам во вашиот труд и енергија и способност, но очекувам резултати и посветеност

  • СДСМ: Мицкоски изгубен во сопствените лаги - реалноста е: сиромашни граѓани, нови долгови и економски крах

  • СДСМ за обраќањето на Мицкоски за една година Влада: Македонија е понижена, задолжена и без перспектива

  • Мицевски: Со молкот Филипче призна, тој стои зад тепачот Акиов од Кочани, не смее да му побара оставка за да не излезе на виделина сè

Без силна, стручна, одговорна и почитувана јавна администрација, нема ниту држава, ниту реформи, ниту вистинска демократија.

Од: А1он „Денешното излагање на Мицкоски е уште една потврда дека тој целосно се загуби помеѓу неговите лаги од една страна, и суровата вистина – реалноста од друга страна.

Соопштение за јавност – реакција на СДСМ на обраќањето на Христијан Мицкоски Мицкоски изгубен во сопствените лаги – реалноста е: сиромашни граѓани, нови долгови и економски крах Денешното излагање на Мицкоски е уште една потврда дека тој целосно се загуби помеѓу неговите лаги од една страна, и суровата вистина – реалноста од друга страна.

Со молкот Филипче призна, тој стои зад тепачот Акиов од Кочани, не смее да му побара оставка за да не излезе на виделина сè, рече на прес-конференција пратеникот Јане Мицевски.

6 (99) ■ вести > свет > политика > војна ■ 22-Jun 03:45 -> 24-Jun 12:37
.
.
.
.

Израел и Иран официјално го прифаќаат прекинот на огнот

  • Трамп: Време е за мир!

  • (Видео) Трамп: Целосно ги уништивме иранските комплекси, или ќе има мир, или нови напади

  • Трамп тврди дека е постигнат договор за прекин на огнот меѓу Израел и Иран

Израел и Иран денес официјално потврдија дека го прифатиле договорот за примирје предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, со цел да се стави крај на 12-дневната израелско-иранска војна.

Американскиот претседател објави на социјалната мрежа „Truth Social“ дека Иран испукал 14 ракети што сите биле пресретнати или пренасочени.

Американскиот претседател Доналд Трамп, во директното обраќање до нацијата, потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека Иран и Израел се согласиле на „целосен и тотален“ прекин на огнот, кој ќе стапи на сила во наредните часови.

13 (5) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Jun 09:06 -> 24-Jun 12:15
.
.
.
.

ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА ЌЕ СЕ ВРАБОТУВААТ КОМПЕТЕНТНИ АЛБАНЦИ, РОМИ, ТУРЦИ. .. Законот за правична застапеност прво ќе оди на оценка во Венецијанската комисија - plusinfo.mk

  • ДУИ: Новиот Закон за правична застапеност е штетен за Албанците

ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА ЌЕ СЕ ВРАБОТУВААТ КОМПЕТЕНТНИ АЛБАНЦИ, РОМИ, ТУРЦИ… Законот за правична застапеност прво ќе оди на оценка во Венецијанската комисија Баланерсот е укинат од Уставниот суд и затоа мотивот беше овој закон да го прават група уставни експерти.

Демократската унија за интеграција реагира на предложениот нацрт-закон за правична застапеност, кој, според нив, има за цел да го замени Балансерот – правен и обврзувачки инструмент за одразување на демографската реалност во јавните институции – со нејасна, неефикасна и политички стерилна структура како што е „координативно тело“.

Повеќе од
оваа категорија

34 (28) ■ спорт > кошарка > нба ■ 22-Jun 15:00 -> 24-Jun 09:00
.
.
.
.

Историја во НБА лигата: Оклахома ја освои првата шампионска титула! (Видео)

  • Оклахома Сити за прв пат шампион на НБА

  • Индијана не издржа без Халибартон, Оклахома е новиот шампион во НБА! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Оклахома се новите шампиони во НБА лигата, откако славеа на седмиот меч од финалната серија против Индијана со 103-91. За „громовите“ ова е првата титула во клупската историја, до која дојдоа многу потешко од очекуваното, со победа во мајсторката.

Екипата на Оклахома Сити Тандерс ја совлада Индијана 103:91 во седмиот одлучувачки натпревар од финалето и за прв пат во историјата на франшизата ја освои титулата во НБА лигата.

Во седмиот натпревар од големото финале, Оклахома на свој терен ја совлада Индијана со 103-91. Пред Пејерс, Оклахома ги елиминираше Мемфис (4-0, Денвер 4-3, Минесота (4-1). Натпреварот за жал беше обележан со тешката повреда на Тајрис Халибартон кој за седум минути запиша девет поени пред тешко да се повреди и во големи болки да го напушти паркетот.

Повеќе од
оваа категорија

141 (10) ■ бизнис > економија ■ 22-Jun 06:20 -> 24-Jun 12:45
.
.
.
.

„Кај мама и тато на работа“ - Проект на ЕВН кој ги мотивира најмладите да станат дел од светот на енергетиката

  • ИНРМ: Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броило

ЕВН Македонија традиционално и со гордост повторно ги отвори вратите за најмладите веднаш по завршување на школската година.

Поднесовме официјално барање до Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини и Државниот пазарен инспекторат, како и до Министерството за енергетика, за да се потврди кој од нив е надлежен за постапување и санкционирање во случај потрошувачите на електрична енергија да немаат визуелен пристап до сопствените броила, информираат од Здружението Инженери на Република Македонија (ИНРМ). Веднаш по добивањето на нивниот одговор, посочуваат, јавноста ќе биде информирана кој инспекциски орган е директно одговорен за постапување по претставки за оневозможен пристап до броилата.

214 (8) ■ бизнис > македонија ■ 22-Jun 08:54 -> 22-Jun 13:53
.
.
.
.

Бизнис, држава и иднина - Кочо Анѓушев отворено за многу општествено политички прашања

  • ТХП започна постапка за утврдување на кандидати за локалните избори

Книгата со наслов ,,Таков каков што сум’’ пишува за бизнис, еснаф, наука, иднина, политика, лични погледи на многу општествени случувања, пораки за младите и охрабрување за секој кој сака да почне нешто свое и да биде претприемач.

Ова книга која ја издаде бизнисменот проф. д-р Кочо Анѓушев и е негова автобиографија, со оглед на тоа што внатре пишува и за своето детство, за образованието, за неговите претци, за тоа што научил од неговиот дедо, фабрикант пред втората светска војна, и чии совети му биле насока во неговата работа, а пред се во делот да наоѓа области во кои никој дотогаш нема работено и не се познати.

225 (4) ■ магазин > занимливости ■ 22-Jun 22:15 -> 24-Jun 02:29
.
.
.
.

Нов летен пијалок: Подгответе највкусна протеинска лимонада на едноставен начин

  • Нов летен пијалок: Подгответе ја највкусната протеинска лимонада на лесен начин

Доколку сте љубител на протеински шејкови, веројатно ќе ви се допадне новиот летен напиток, протеинска лимонада која стана хит на TikTok.

Ако сте љубител на протеински шејкови, веројатно е дека особено ќе ви се допадне новиот летен пијалок, а тоа е протеинска лимонада која стана хит на TikTok.Нутриционистите за здравје истакнуваат дека потребата од протеини може да се задоволи преку овој пијалок, но дека повторно е потребно да не се претерува со неговата консумација.Дополнително, протеинската лимонада е практичен начин да внесете повеќе витамини и други корисни соединенија во вашето тело.

170 (5) ■ сцена > култура ■ 23-Jun 12:43 -> 24-Jun 10:44
.
.
.
.

„Центарска симфонија“ - в сабота концерт на отворено со филмска музика, Тарабунов е специјален гостин

  • Почнува седмото издание на филмската ревија „Златна рамка“

Од 26. до 28. јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се одржи седмото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ). Тридневната ревија ќе понуди богата програма од најновите македонски кратки, документарни и долгометражни филмови, а влезот за сите проекции е бесплатен.

Од 26. до 28. јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се одржи седмото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ). Тридневната ревија ќе понуди богата програма од најновите македонски кратки, документарни и долгометражни филмови, а влезот за сите проекции е бесплатен.

248 (4) ■ сцена > култура ■ 22-Jun 07:00 -> 23-Jun 10:40
.
.
.
.

Отворање на изложба, курирано водење и разговор: Парадоксот на Грејсленд: навигирајќи ја неизвесноста

  • „Материјални експерименти во Грејсленд“ во МСУ

Уметници: Фани Будуроглу, Рања Еманоилиду, Лиа Псома, Билал Јилмаз Кураторка: Лидија Хатсијакову Датум: среда, 25 јуни, 2025 Отворање: 20:00 часот Курирано водење: 20:10 – 20:40 Модерирана дискусија: 20:40 – 21:20 Место: Музеј на современа уметност во Скопјe Времетраење на изложбата: 26 јуни - 17 август 2025 година Летната програма на КРИК 2025, под наслов „Преобразба“, ја заокружуваме со изложбата „ Парадоксот на Грејсленд: навигирање на неизвесноста“ курирана од грчката кураторка Лидија Хацијакову (Солун), чија работа гравитира околу улогата на уметноста како општествена алатка, релацијата помеѓу уметноста и технологијата, уметноста и екологијата, уметноста и занаетите...

Работилницата „Материјални експерименти во Грејсленд“ предводена од уметниците Фани Будуроглу, Рања Еманоилиду и Лиа Псома, во куратоство на Лидија Хацијакову ќе се одржи во четврток, на 26 јуни, од 16:00 до 18:00 часот во Музеј на современа уметност во Скопјe.

259 (4) ■ сцена > култура ■ 22-Jun 10:00 -> 24-Jun 07:00
.
.
.
.

Интерактивна изложба -Ограничена мобилност

  • Движењето со инвалидски колички во Скопје е можно само ако можат да летаат

Изложбата е дел од проектот „Млади, култура и активизам за промени“, кој го реализираат Центарот за современи уметности – Скопје и DELI – Простор за креативни активности – Ниш, со финансиска поддршка од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) Во вторник во 20 часот во Паркот на Франкофонијата ќе биде отворена изложбата Ограничена мобилност, интерактивна изложба посветена на проблемите со мобилноста на инвалидизираните лица во колички, но и старите лица кои се движат со помагала како сите други граѓани на Скопје кои користат помагала, колички за пазар и слично и кои заради инфрастуктурниот хаос и отсаството или целосно бекорисните и премногу стрмни рампи не можат слободно да се движат низ градот.

Група млади активисти и уметници под менторство на програмата за креативен активизам на Центарот за современи уметности реализираа впечатлива и провокативна уметничка интервенција под наслов „Ограничена Мобилност, со цел да ја подигнат јавната свест за секојдневните предизвици со кои се соочуваат лицата со попреченост, постарите граѓани со намалена подвижност, како и младите родители што секојдневно се движат низ градот со детски колички.