Македонскиот претставник во квалификациите за Конференциската лига, Вардар веќе е во Сан Марино, каде ќе го одигра реванш натпреварот од првото коло против тимот на Ла Фиорита.
„Црвено-црните“ уште по ждрепката важеа за големи фаворит на овој двомеч, а тоа го потврдија на првата средба во Скопје, во која славеа со убедливи 3-0. Во пресрет на реваншот свое видување даде голманот Давор Талевски, кој кажа дека и на овој дуел ќе се оди на успех.