Македонскиот фудбалски шампион Шкендија славеше со минимални 1-0 против романски ФЦСБ во првиот меч од второто квалификациско коло во Лигата на шампиони (ЛШ). Првото полувреме помина без премногу возбудувања, иако ФЦСБ изврши голем притисок на почетокот на натпреварот и се закани неколку пати кон голот на Гаје.
Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкендија утре на домашен терен ќе го пречека романскиот ФЦСБ во првиот натпревар од двомечот од 2. коло во квалификациите во Лигата на шампионите.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов беше присутен на синоќешниот тренинг на романскиот клуб ФЦСБ, кој се одржа на спортскиот комплекс на Фудбалската федерација на Македонија.