1 (10) ■ вести > македонија > хроника > крими хроника ■ 22-Jul 15:30 -> 23-Jul 20:00
.
.
.
.

Полицијата спречи самоубиство на девојка – уапсен маж за посредување на проституција

  • Полицијата ја спречи девојката да скокне од прозорец во мотел во Тетово

Полициски службеници од СВР Тетово спасија млада девојка која сакала да скокне од прозорец на мотел во Тетово и да си го одземе животот.

Полицајци од СВР Тетово спречија девојка да си го одземе животот, откако била затекната на работ од прозорец во мотел во Тетово.

4 (28) ■ вести > македонија > политика ■ 21-Jul 21:54 -> 23-Jul 18:28
.
.
.
.

Грција ја повтори поддршката за ЕУ интеграцијата, со порака за почитување на Преспанскиот договор

  • Муцунски на средба со Герапетритис – во фокусот билатералната соработка, економијата и инвестициите

  • Средба Герапетритис – Муцунски во Атина

Поддршката од Грција за европскиот пат на Северна Македонија останува силна, но придружена со порака за целосна имплементација на Преспанскиот договор.

Поздрав од Атина – билатералната соработка, економијата и инвестициите во фокусот, напиша на Инстаграм министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски непосредно пред средбата со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис во Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Економската и енергетската соработка, инфраструктурното поврзување, ЕУ перспективата на регионот, но и актуелните геополитички случувања, се очекува да бидат во фокусот на денешната средба во Атина на министрите за надворешни работи Јоргос Герапетритис и Тимчо Муцунски, јави дописничката на МИА од Атина.

16 (5) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 23-Jul 16:01 -> 23-Jul 17:16
.
.
.
.

Условна затворска казна за вработен во прилепската болница, незаконски присвоил 2 110 640 денари од пациенти

  • Осуден вработен во прилепската болница, си присвоил околу 35.000 евра

Условна затворска казна во траење од две години изрече Основниот суд во Прилеп против вработен во прилепската болница кој во периодот од август 2024 до април 2025 година противправно присвоил 2 110 640 денари наплатени од пациенти.

Управата за финансиска полиција ја информира јавноста дека Основниот суд во Прилеп донесе правосилна пресуда против службено лице од ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ – Прилеп, за сторено кривично дело Проневера во службата, согласно член 354 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Повеќе од
оваа категорија

44 (31) ■ спорт > фудбал > лига на шампиони ■ 21-Jul 14:31 -> 23-Jul 10:15
.
.
.
.

Шкендија славеше во дуелот со ФЦСБ

  • Николов: Шкендија е од Македонија, но јас ќе навивам за ФЦСБ

  • Цаке: Најавените проблеми на ФЦСБ може да се само тактичка игра!

  • Беќири: Задоволен сум од победата, но ФЦСБ сè уште е фаворит!

Шкендија ја запиша една од најзначајните победи во својата историја, совладувајќи го романскиот гигант ФЦСБ (поранешен Стeaуа Букурешт) со 1:0 во рамки на второто квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Вечерва се игра првиот меч меѓу Шкендија и ФЦСБ (Стеауа) во квалификациите за Лигата на шампионите.

Во име на екипата на пред првиот меч од квалификациите за Лигата на шампионите со ФСЦБ од , во име на тимот говореше Клинсман Цаке.

Тренерот на македонскиот прволигаш Шкендија, Јетон Беќири по победата против ФЦСБ (1-0) во второто квалификациско коло од Лигата на шампиони (ЛШ) кажа дека е задоволен со настапот на неговите избраници, меѓутоа ја остави фаворитската улога кај ривалот од Романија.

Повеќе од
оваа категорија

11 (5) ■ бизнис > економија ■ 23-Jul 15:41 -> 23-Jul 17:54
.
.
.

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА Е ЗА 11 ОТСТО ПОВИСОКА ОД ЛАНИ: Koлку заработуваат Македонците?

  • Просечната нето-плата во мај 45.796 денари

Просечната нето плата во мај изнесувала 45.796 денари.

Просечната исплатена нето-плата во мај годинава изнесувала 45 796 денари што е 11 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Како што информира ДЗС, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 23.9 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 15.1 % и Образование за 14.4 %. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 13.5 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 5.4 % и Рударство и вадење на камен за 5.1 %. Просечната бруто-плата, пак, по вработен во мај 2025 година изнесувала 68 859 денари.

59 (3) ■ сцена > култура ■ 23-Jul 14:08 -> 23-Jul 15:21
.
.
.
.

Кирил Џајковски е добитник на годинашната награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм” што ја доделува ДФРМ

  • Кирил Џајковски е добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ за 2025 година

Кирил Џајковски е добитник на годинашната награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм”, признание за неговиот исклучителен придонес кон македонската филмска музика и култура, соопшти денеска претседателот на ДФРМ, Игор Иванов-Изи, кој подвлече дека не е лесно да се најде лауреат за оваа награда, а да не се направи пропуст, бидејќи критериумот е многу висок и таков треба да остане.

е добитник на годинешната награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, признание за неговиот исклучителен придонес кон македонската филмска музика и култура, соопшти денеска претседателот на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ), Игор Иванов-Изи, кој подвлече дека не е лесно да се најде лауреат за оваа награда, а да не се направи пропуст, бидејќи критериумот е многу висок и таков треба да остане.

251 (3) ■ сцена > култура ■ 22-Jul 10:16 -> 23-Jul 09:33
.
.
.
.

Одбележани 10 години од впишувањетo на гласоечкото пеење во УНЕСКО

  • Македонскиот КИЦ во Загреб го одбележа јубилејот од впишувањетo на “Гласоечко…”во УНЕСКО

Македонскиот КИЦ во Загреб, во рамките на официјалната програма на најголемиот хрватски фестивал за традиционална музика и танц „Меѓународна смотра на фолклорот“, го одбележа јубилејот 10 години од впишувањетo на гласоечкото пеење од Долни Полог на листата на УНЕСКО со настапот на „Трио Гавровски“ заедно со Дарко Коцев, мултиталентиран инструменталист што живее и работи во Германија.

Македонскиот КИЦ во Загреб, во рамките на официјалната програма на најголемиот хрватски фестивал за традиционална музика и танц „Меѓународна смотра на фолклорот“, го одбележа јубилејот 10. години од впишувањетo на “Гласоечкото пеење Долни Полог” на Ургентната листа на УНЕСКО со настапот на „Трио Гавровски“ заедно со Дарко Коцев, мултиталенриран инструменталист кој живее и работи во Германија.