Сопственикот на ФЦСБ, Џиџи Бекали, по натпреварот против Шкендија во Скопје, гостуваше во директна програма на „Digi Sport Special“ каде јавно објави дека двајца фудбалери, Овидиу Перјану и Мариус Штефанеску, се исклучени од тимот.
Контроверзниот бизнисмен Џиџи Бекали отпиша двајца фудбалери на ФЦСБ по поразот од Шкендија во првиот меч од второто квалификациско коло од Лигата на шампиони (ЛШ). Романскиот медиум „ДигиСпорт“ објави дека Бекали им се налутил на капитените Дариус Олару и Раду Шут поради нивните очајни настапи против тетовскиот тим, па поради тоа наредил да бидат заменети во 63. минута.