Со исклучок на 3х3 репрезентациите, македонските спортисти се уште се без победа на екипно и тимско ниво на Европскиот младински олимписки фестивал што се одржува во Скопје и Куманово.
Најблиску до победа беше машката кошаркарска репрезентација, која по продолжение загуби минамално од Летонија со 97:98, додека девојките беа декласирани од Германија со убедливи 18:91. Младите ракометари трет пат загубија, овој пат од Исланд со 27:36, додека ракометарките беа поразени од Норвешка со 23:31. Порази доживеаја и одбојкарските селекции, момчињата од Белгија со 0:3 и девојките од Турција 0:3. Третиот ден го одбележа и стартот на натпреварите во маунтајн бајк, што се одржаа во Куманово.