Диего Симеоне и челниците на Атлетико Мадрид како да се решени да се вратат во борбата за титулата во наредната сезона, па сериозно инвестираат во засилување на играчкиот кадар.
Давид Ханцко стана интересен за неколку европски клубови поради одличните изданија кои ги прикажа во Феенорд, па иако холандскиот клуб му остави самостојно да ја бира новата средина и целосно му се стави на располагање, Словакот се најде во ситуација која не сака да ја доживее ниту еден фудбалер.