Facebook / Benjamin Netanyahu Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека исходот од војната со Иран отвори можности за мир што Израел не смее да ги пропушти.
НЕТАНЈАХУ ПРОГЛАСИ ИСТОРИСКА ПОБЕДА „Трамп се вклучи на невиден начин во војната“ Израел никогаш немал пријател како претседателот Трамп во Белата куќа и му се заблагодарувам од дното на моето срце за нашата заедничка работа, рече израелскиот премиер неколку часа откако лутиот Трамп остро го критикуваше Израел за кршење на примирјето со Иран.
Facebook / Donald J. Trump Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно ќе побара од Иран да ја прекине својата нуклеарна програма на разговорите следната недела, додавајќи дека благодарение на нападите на САД врз Иран, војната меѓу Израел и Техеран заврши брзо.
Конгресменот Бади Картер, републиканец од Џорџија, напиша писмо до Комитетот за Нобелова награда за мир, велејќи дека Трамп одиграл „извонредна и историска улога“ во завршувањето на „вооружениот конфликт меѓу Израел и Иран и спречувањето на најголемиот државен спонзор на тероризмот во светот да го добие најсмртоносното оружје на планетата“.