Враќањето на Жоао Феликс во Бенфика веќе беше скоро па готово, но, Ал Наср интервенираше и сега има пол-позиција во преговорите со Челси.
Жоао Феликс пред неколку години важеше за најголем португалски талент, играч кој може да одбележи една генерација, една ера, меѓутоа како што одминува времето тие прогнози, предвидувања паѓаат во вода.