Спортскиот директор на Милан, Игли Таре, потврди дека „росонерите“ испратиле подобрена понуда за играчот од средниот ред на Бриж, Ардон Јашари, но тоа ќе биде последниот обид за привлекување на овој играч.
Од „Сан Сиро“ веќе испратија понуда во висина од 32,5 милиони евра плус уште 5,5 милиони во форма на бонуси, но она беше одбиена од белгиската страна, која инсистираше на повеќе.