Кошаркарите на Босна се нови АБА лигаши откако во финалната серија во второто по ранг јадранско натпреварување славеа против словенечка Илирија со 2-1. Во вечерашната мајсторка домаќините беа подобри од својот ривал со 88-74 Откако три четвртини се играше во егал, домаќините клучната разлика ја направија во последниот период кој го одиграа фуриозно и на крајот стигнаа до победа, со која и повеќе од заслужено се пласираа во елитата следната сезона.
Кошаркарите на Босна ја освоија АБА 2 лигата, бидејќи беа подобри од словенечка Илирија во третиот решавачки натпревар (88-74). Пред околу 8.000 навивачи во жестока атмосфера на сараевската „Скендерија“, Босна го освои своето враќање во регионалната елитна лига за прв пат од 2010 година.