Новиот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), Томица Главчев, даде коментар на назначувањето на новиот селектор Марјан Илиевски.
Македонската кошаркарска федерација денес го промовира Марјан Илиевски во нов селектор на сениорскиот национален тим.
Извор/ kfsm.mk Марјан Илиевски, поранешен тренер на Пелистер, Приштина, Блокотехна, Кожув и Лирија, на денешната прес-конференција, одржана во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, официјално е промовиран во нов селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија.