Историска шанса за Македонија е Договорот со Велика Британија бидејќи се поставуваат нови односи меѓу двете земји, а Македонија добива голем сојузник за да ги оствари своите битки, истакна вицепремиерот Александар Николоски во емисијата “Само Интервју” на Канал 5. Објаснувајќи ја суштината на Договорот со Велика Британија, тој потенцира дека Договорот има повисока цел, а тоа е политичката подршка од Велика Британија со која ќе се трансформира македонското општество на повисоко ниво.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека сериозно се разговара со Велика Британија за три категории на граѓани да бидат ослободени од вадење визи.
Има физибилити студија за брзата пруга од Коридорот 10 и таа е испратена до финансиските институции, изјави вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски очекува најубедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори што треба да се одржат во октомври годинава.