Дивац паднал од својот моторцикл и според очевидци не можел самостојно да се движи, пред да биде одведен во болница со амбулантно возило.
Познатиот српски кошаркар Владе Дивац откако претрпе сообраќајна несреќа во Црна Гора, имал потреба од операција.
Како што објавуваат српските медиуми, Диванц бил опериран и му бил поставен вештачки колк.Инаку, славниот кошаркар се повредил паѓајќи од својот мотор во близина на Луштица и во таа прилика, како што објави српски Информер, доживеал скршеница на колкот.