Македонската кошарарска репрезентација до 20 години ја забележа првата победа на Европското првенство во „Б“ дивизија кое се одржува во Ерменија откако во третиот натпревар на шампионатот славеше против Грузија со 92-84. „Црвено-жолтите“ го наметнаа темпото уште од самиот страт на средбата со ефективна игра во нападот реализирајќи 31 поен наспроти 22 на противникот, а комотната преднсот ја задржаа до самиот крај. Ekipa