Facebook / Кошаркарска Федерација на Македонија Со првиот тренинг попладнево во салата на СРЦ „Кале“ и официјално почнаа подготовките на машка сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија.
Селекторот Марјан Илиевски и неговите соработници, Мирко Петрески, Борче Даскаловски и Миодраг Тодоровиќ, на првиот собир ги имаа на располагање следниве кошаркари: Марин Петков, Андреј Магдевски, Амар Хот, Валмир Какруки, Лука Стојановски, Андреј Митревски, Максим Митревски, Лука Савичевиќ, Андреј Андоновски и Марко Миловановиќ.