Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) потпиша договор со за генерално спонзорство со Комерцијална банка, најмоќниот субјект во банкарскиот систем во земјата кој реши да го поддржи проектот предводен од новиот претседател Томица Главчев.
Ова партнерство претставува повеќе од поддршка – тоа е заедничка заложба за нови спортски успеси во пресрет на претквалификациите заСветското првенство Катар 2027, за поттик на младите генерации, за нови спортски јунаци кои ги градат своите соништа под обрачите.