Надал ја доби титулата маркизШпанскиот крал Филип Шести му ја додели денеска на тенисерот Рафаел Надал титулата маркиз, во знак на признание за неговиот придонес за Шпанија преку спортот, се наведува во соопштението на Палатата.
Надал, кој минатата година ја заврши кариерата, е еден од шесте лауреати на кои им беа доделени титули по пов десеттата годишнина од владењето на кралот Филип Шести, пренесе „Ројтерс“.
Шпанскиот крал Фелипе VI му ја додели титулата маркиз на легендарниот тенисер Рафаел Надал како признание за неговиот придонес кон нацијата поради неговите неверојатни спортски резултати. Kajgana
Титулата може да ја наследат неговите потомци.
Пред неколку дена, поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација, Дејвид Бекам, ја доби почесната титула „Сер“, која, по повод роденденот на кралот Чарлс, му беше доделена и на фронтменот на групата Ху, Роџер Далтри, како и на добитникот на Оскар, Гари Олдман. A1on
Покрај Надал, кралот ги почести и поп-рок пејачката Луз Касал и параолимписката пливачка Тереза Пералес.
„Тие се гордост на Шпанија и постојана референтна точка на вредности што треба да го инспирираат нашето општество“, објави шпанската кралска куќа. Topsport
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Почнувајќи од септември оваа година, Грција се подготвува да биде нова „татковина“ на еден од најголемите спортисти во историјата на светскиот спорт.
НОЛЕ ЌЕ ЖИВЕЕ ВО ГРЦИЈА Србинот има духовна врска со Света Гора тенисерот Новак Ѓоковиќ реши да се пресели во Атина и поради практични причини, освен поради неговата емоционална поврзаност со Грција.
Бројни таблоиди низ целиот свет го поставуваат прашањето која сила довела до раздорот меѓу Бруклин и неговите родители – Дејвид и Викторија Бекам . Откако помладиот Бекам сè повеќе се дистанцирал од своето семејство, многумина ја обвинија неговата сопруга, Никола Пелц, за тоа.
Британскиот крал Чарлс на својата роденденска забава го прогласи поранешниот фудбалер Дејвид Бекам за витез, за неговиот придонес во британското општество, според традиционалниот список на добитници на титулата витез објавен во петокот.
Реал Мадрид донесе одлука да го префрли својот најдобар фудбалер Килијан Мбапе, каде што ќе биде под надзор и подложен на дополнителни тестови, откако е откриено дека францускиот напаѓач има акутен гастроентеритис.
Под знак прашалник е настапот на напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе за натпреварот против Ал-Хилал на Светското клупско првенство.
Фудбалерот на мадридски Реал, Килијан Мбапе, е хоспитализиран поради акутен гастроентеритис, објави денеска шпанскиот клуб, откако францускиот репрезентативец го пропушти првиот натпревар од Светското клупско првенство против Ал Хилал.
Флоријан Вирц не е единствениот фудбалер кој ќе го засили Ливерпул во овој преоден рок, и тоа за преку 100 милиони евра.
Вирц може да биде само почеток: Слот добива и напаѓач од 114 милиони евра?!По трансферот на Флоријан Вирц, Ливерпул го насочи погледот кон – Александер Исак!
Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола влегува во нова фаза на своето функционирање.
Од таборот на Пелистер соопштија дека спогодбено се разделиле со тренерот Срѓан Захариевски, наскоро ќе го соопштат неговиот наслендик.