Актуелниот првак во Формула 1, Макс Ферстапен од пол позицијата ќе стартува на патеката Силверстоун, на денешната трка за Големата награда на Велика Британија.
Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Велика Британија, 12-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1. Актуелниот шампион стигна до најдоброто стартно место со неверојатен круг и време од 1:24.892 минути, со десетинка предност во однос на Оскар Пјастри во Мекларен.