Facebook / Los Angeles Lakers Леброн Џејмс го искористи своето право еднострано да го продолжи договорот со Лос Анџелес Лејкерс за уште една сезона.
Готово: Леброн Џејмс донесе одлука за неговата иднина!Леброн Џејмс (40) ќе го задржи дресот на Лос Анџелес Лејкерс и во следната сезона, откако денеска официјално ја активира опцијата во својот договор, вредна 52,6 милиони долари за сезоната 2025/26. Шамс Чаранија од ESPN ја потврди оваа вест, а одлуката на Леброн значи дека ќе ја одигра својата рекордна 23-та сезона во НБА лигата, со што станува првиот играч во историјата со толку многу сезони во најсилната кошаркарска лига на светот.